Насловна / Арт и дизајн / Погледнете го минијатурниот музеј на мачки (видео)

Погледнете го минијатурниот музеј на мачки (видео)

Постојат многу музеи низ целиот свет кои слават мачки, но ниту еден не е толку мал како овој во Полска.

Сместен во Краков, Музејот на мачки се состои од околу 1000 колекционерски предмети и други интересни работи поврзани со мачки на површина од 161 квадратни метри.

m2

Музејот крие широк асортиман на ситници инспирирани од крзнените миленичиња, од дозатори за сапуни во форма на мачиња до снежни глобуси со слики од мачки.

Двојка од Украина го отворила овој Музеј на мачки за јавноста во 2019. година, а колекцијата во него се создавала повеќе од десет години.

m1

Пред околу 15 години, сосопственичката на музејот Наталија добила на подарок фигура на мачка од пријател, кој се вратил од одмор, и оттогаш Наталија и нејзиниот сопруг натрупуваат предмети со мачка или во форма на мачки. После неколку години од негување опсесија со мачки, парот отворил музеј.

Денес, музејот е место за љубителите на мачки, кои сакаат да искусат малку кич или да погалат вистинска мачка. А, Наталија вели дека нејзината мачка Гејша е всушност сопственик на овој необичен музеј.

Испрати коментар

Scroll To Top