Насловна / Архитектура / Фостер + Партнерс речиси го удвоија профитот за време на пандемијата

Фостер + Партнерс речиси го удвоија профитот за време на пандемијата

Архитектонската пракса предводена од Сер Норман Фостер речиси го удвои својот профит откако се прошири на Блискиот Исток и влезе во нови бизниси и покрај блокадата предизвикана од пандемијата на корона вирусот.

Според сметките на Фостер + Партнерс, иако вкупниот приход бил во пад, профитот пред оданочувањето во тек на последната фискална година, во Англија завршена на 30. април 2021 година, речиси се дуплирал на 36.2 милиони фунти, во споредба со 19.8 милиони фунти во претходната година.

Screenshot 2022-01-20 121038_resize

Извонредна финансиска отпорност

На почетокот на пандемијата, Фостер + Партнерс се подготвиле за сериозен финансиски удар. Компанијата отпуштила околу 70 вработени на почетокот на затворањето во март 2020 година, бидејќи не можеа да работат од дома, пренесува британски Гардијан.

Меѓутоа, сметките покажуваат дека компанијата имала „извонредна финансиска отпорност“, успевајќи да добие нови проекти за време на разни глобални блокади. Компанијата подоцна соопшти дека целосно отплатила околу 500.000 фунти пари за принуден одмор кога стана јасно дека нема финансиска опасност.

Архитектонската фирма, една од најголемите во светот со 1.200 вработени, завршила 13 проекти во текот на фискалната година, вклучувајќи го и Институтот за истражување на мозокот во Ерусалим, библиотека во Емиратот Шаржа (ОАЕ) и новото седиште за голф организацијата PGA Tour на Флорида.

2_resize

Lusail Tower, Kатар

Во последната фискална година на компанијата и се одбиени плановите за Tulip, контроверзната кула планирана во центарот на Лондон, како и пентхаусот на Менхетен за милијардерот Бил Акман.

Од друга страна, Блискиот Исток во моментов е главна територија за работа на оваа архитектонска пракса, каде што имаат четири ограноци. Во извештаите истакнати се три кооперациски проекти во регионот, вклучувајќи го Националниот музеј Шеик Зајед во Абу Даби, Меѓународниот аеродром во Кувајт, како и сосема нов град во таа земја за 280.000 жители, кој ќе го носи името по нејзиниот владетел, шеикот Сабах ал – Ахмад.

зз_resize

Националниот музеј Шеик Зајед во Абу Даби

На партнерите зголемување на платата, на директорите намалување

Фостер + Партнерс издвоиле 8,8 милиони фунти за 180 свои „партнери“, односно постари вработени, со што нивните редовни плати, вклучувајќи го и годишниот бонус, се зголемени за околу 49.000 фунти по лице.

Меѓутоа, вкупната исплата за 10 директори паднала од 20,3 милиони фунти на 12,3 милиони. Платата на најплатениот раководител, за кого јавноста смета дека е самиот Фостер, паднала од 2,3 милиони на 1,4 милиони фунти.

1_resize

Огромниот профит бил поголем отколку во 2019 година, пред пандемијата да затропа на врата. Компанијата како причина за тоа го истакна падот на трошоците поради воведувањето на ограничувања на службени патувања и „забележителен режим на работа на далечина“.

Меѓутоа, компанијата посочила дека сака да се врати на вообичаените службени патувања, наведувајќи го „немерливиот обем“ на изгубени нови работи, како и едукација на помладите колеги за меѓународна архитектура. „Нашата пракса несомнено ќе има корист од продолжувањето на патувањата“, се вели во соопштението.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top