Насловна / Вести / Форбс: Надзвучните патнички авиони повторно на небото

Форбс: Надзвучните патнички авиони повторно на небото

„Патничките авиони со надзвучни брзини наскоро повторно ќе сообраќаат“ пишува американското деловно списание Forbes. Младата американска компанија Boom supersonic  во соработка со проектантската компанија на францускиот аеронаутички гигант Daso, работат на развој на нов авион кој драстично ќе го скрати времето на патувањата.

boomsupersonic1

Досега постоеше само еден успешен суперсоничен патнички авион – британско-францускиот Concorde. Сообраќал од  1976 до 2003 година, заедно со неговиот конкурент „Тупољев ТУ 144“ кој во патничкиот сообраќај опстанал пократко од една година во текот на 1978.

boomsupersonic4

Сега компанијата Boom supersonic  сака повторно да ги овозможи патувањата побрзи од звукот. Се планира авионот од овој вид да полета веќе во 2023 година со брзина од 2,2 маха. Ќе има труп од јаглеродни влакна, околу 55-75 седишта (сите во бизнис класа), и делта крило како кај Concorde.  Проектантите најавуваат многу технолошки новини со кои би се надминале проблемите на неговите претходници.

boomsupersonic3

boomsupersonic2

Со враќањето на суперсоничните летови, патувањето од Лондон до Њујорк би траело само три часа.

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top