Насловна / Архитектура / Базен на раб на норвешки фјорд

Базен на раб на норвешки фјорд

Турското архитектонско биро Hayri Atak Architectural Design Studio проектирало хотел со конзолен стаклен базен на сам раб на карпа во Норвешка. Проектот подразбира изградба на хотел на локација висока 600 метри на Prejkestolen – голема стрмнина и популарна туристичка атракција на западот на Норвешка која го надвиснува фјордот Lysefjorden.

н2
Идејата за овој проект потекнува од пешачките патеки околу стрмата карпа кои го подигнуваат адреналинот и возбудата. Како што вели основачот на проектантското биро, Prejkestolen за него претставува едно од највозбудливите места кое го инспирирало и поттикнало да сонува живот на работ.
Проектот предвидува влезот во хотелот да се наоѓа на врвот на карпата, која природно има рамна површина. Ова воедно би била и голема платформа за набљудување на околината. Во рамки на хотелот предвидени се девет апартмани и заеднички протор, еден вид дневен боравок. Се ова би било вградено во карпата. Собите се распоредени на три ката и би излегувале на заедничка тераса кој би штрчел од работ од кој се протега бесконечен поглед на фјордот и околните планини.

н3
Во рамки на заедничкиот дневен боравок би се наоѓал огромен базен. Базенот кој е проектиран за „посетители авантуристи“ е долг, тесен, конзолен базен кој со едниот дел излегува од работ на терасата. Целиот е од стакло со што пливачите кога ќе нурнат во него низ водата ќе можат да го набљудуваат пејзажот.

н1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top