Насловна / Архитектура / Финалисти за Stirling Prize 2017 – најдобри архитектонски остварувања на Велика Британија

Финалисти за Stirling Prize 2017 – најдобри архитектонски остварувања на Велика Британија

Кралскиот институт на британски архитекти (RIBA) ги објави финалистите на овогодинешното натпреварување за Stirling Prize, најпрестижната награда за архитектура во Велика Британија. Избрани се шест проекти меѓу кои пристаниште, фотографско студио и привлечна станбена зграда.

риба 2017_04

Стерлинговата награда, официјално се доделува на „архитектите на градби, кои го имаат направено најголемиот придонес во британската архитектура во изминатата година“. Архитектите мора бидат членови на RIBA, а градбата може да биде каде било во Европската Унија. Добитниците на наградата добиваат и стипендија, во износ од 20.000 фунти.

Како и минатата година, пет од шестте финалисти се наоѓаат во јужна Англија, а еден во Глазгов во Шкотска. На учесниците можеби им недостасува wow-faktor во однос на изминатите години, но квалитетот е на завидно ниво.

„Овогодишната листа од шест финалисти покажува исклучителни креативни градби со внимателни детали кои го „покриваат секое вложено пени“, изјави претседателката на RIBA, Џејн Данкан. „Пуштени во работа на крајот од рецесијата, тие се признание за креативната професија. Секој од овие извонредни проекти ја трансформира областа во која се наоѓаат и ги воодушевува сите оние кои живеат во близина на нив и ги чини среќни сите оние кои имаат можност да ги посетат овие објекти или да работат во нив“.

Hastings Pier

риба 2017_07

Oригиналниот Hastings Pier отворен е во 1872 година, а неговата долга историја вклучува место каде што се обучувале војниците во Втората светска војна, но служело како домаќин на бендовите како The Rolling Stones и Sex Pistols. Местото било во мошне лоша состојба поради што било затворено во 2008 година, но потоа претрпело пожар во 2010 година, кој го докрајчило.

риба 2017

После оваа катастрофа, локалната заедница се ангажирала и го купила пристаништето, а потоа собирала финансии и ги ангажирале архитектите од фирмата dRMM за да го проектираат „наследникот“ на објектот. Покриен со дрвен градежен материјал сочуван од првобитното пристаниште, отворен е пријатен простор со релативно мал број згради, кои ги охрабруваат посетителите да уживаат во погледот на морето.

The British Museum World Conservation and Exhibitions Centre

риба 2017_11

The British Museum World Conservation and Exhibitions Centre е проект на фирмата Rogers Stirk Harbour + Partners и се наоѓа во северозападниот агол на музејскиот кварт во Блумсбери, во централен Лондон. Проектот се состои од пет поврзани павилјони, од кои еден е подземен. Во него покрај магацинските и логистичките објекти се сместени и нови изложбени галерии, лаборатории и конзерваторско студио.Stone Studio, World Conservation and Exhibition Centre, British Museum.

Новата зграда е вистинско решение за музеј кој треба да ја зголеми својата флексибилност во однос на времињата кои доаѓаат.

Photography Studio za Juergen Tellera

риба 2017_22

Ова фотографско студио изградено е за врвниот уметник и фотограф Juergen Teller, а го проектирало бирото Ba architects. Студиото се наоѓа на долгата и тесна индустриска парцела во западниот дел на Лондон.

Студиото се состои од три објекти, додека три градини кои се дело на пејсажниот архитект Dan Pearson обезбедуваат отворен простор и дневна светлина.риба 2017_23

Покрај тоа, мрежа на тенки бетонски греди ги држи покривните светилки на север кои го исполнуваат просторот со исфилтрирана светлина.

Во внатрешноста доминира бетонот, кој убаво се спротивставува на бакарните  балустради, на рамките на дрвените прозорци и на зеленилото во градините.

Barrett’s Groveриба 2017_18

Оваа атрактивна мала станбена зграда се наоѓа во Лондон и е проект на фирмата Groupwork + Amin Tah. Нејзината фасада од тули е „разбиена“ од тераси кои изгледаат како големи плетени „корпи“ кои на секој стан му обезбедуваат отворен простор.риба 2017_12

Зградата е со површина од 635 квадратни метри и е поделена на шест пространи станови кои се мошне осветлени и уредени со вкус.

City of Glasgow College – City Campusриба 2017_01

Одредени метрополитански и наутички колеџи во Глазгов се споени, при што е формиран еден поголем колеџ кој се состои од две згради. На тој начин, се поврзани расфрлени објекти во Глазгов кои се наоѓале во рамките на 11 засебни згради.риба 2017_02

City Campus е втората зграда која се привршува и е масивна зграда, во чии рамки се шест главни факултети, 300 високотехнолошки училници, амфитеатри и специјализирани наставни простории. Проектот е на компанијата Reiach & Hall Architects i Michael Laird Architects.

Command of the Oceans

риба 2017_21

Command of the Oceans се наоѓа во Кент и е проект на фирмата Baynes and Mitchell Architects. Го проектирале за Chatham Historic Dockyard и на посетителите им овозможува да уживаат и да го „вкусат“ животот кога Велика Британија владеела преку морските и океански површини.

риба 2017_20

Покриена со црн цинк, зградата им остава силен впечаток на посетителите кога тие влегуваат во објектот заради самиот влез, кој наликува на портите на катедралите и е како ходник кој е фокусиран на погледот кон пристаништето.

Испрати коментар

Scroll To Top