Насловна / Вести / Ferrari World во Абу Даби е најдобриот тематски парк на светот

Ferrari World во Абу Даби е најдобриот тематски парк на светот

Познатиот забавен пар на Ferrari во Абу Даби, доби награда за најдобар тематски парк на светот. Наградата е дел од годишното натпреварување во рамки на  World Travel Award,. „Четири години по ред сме водечки тематски парк на Блискиот исток. Ова е легендарен тематски парк полн со изненадувања и бројни содржини. Горди сме на оваа награда“ изјавила Bianca Sammut, генерален менаџер на Ferrari World во Абу Даби. Овој тематски парк е изграден пред речиси десет години во чест на „духот на брендот Ferrari“. Се наоѓа на одтровот Yas и во моментот го поседува најбрзиот roller coaster на светот. Отворен е за јавноста на 4-ти ноември 2010 година, а оттогаш има добиено повеќе награди: водечка туристичка атракција на Блискиот исток во 2015 и 2016 година, како и награда за водеќки тематски парк на Блискиот исток за 2017 и 2018 година.

ferrari1

ferrari2

ferrari3

ferrari4

Испрати коментар

Scroll To Top