Насловна / Арт и дизајн / Фасада на куќа наменета исклучиво за проекција на филмови

Фасада на куќа наменета исклучиво за проекција на филмови

Каде на друго место може да се наоѓа куќа која е дизајнирана со акцент на проекции на филмови, ако не во Холивуд?

Skyline Residence е куќа сместена на падините на Лос Анџелес и од нејзината внатрешност има прекрасен поглед на филмскиот град.

kuka za proekcii za filmovi

Освен овој поглед, куќата има уште еден адут: Од терасата на куќата може да се гледаат филмови што преку проектор се прикажуваат на фасадата на гостинската куќа!

Проектното студио Belzberg Architects, ја осмислиле куќата како издолжена форма поделена на два целини, што е условено од конфигурацијата на теренот.kuka za proekcii za filmovi (7)

Во едната единица е сместена главната куќа, додека во втората е помошната, наменета за гости.

Двете куќи се изградени претежно во стакло, сегментно покриени со дрвени панели.kuka za proekcii za filmovi (6)

Освен предизвиците со теренот, архитектите морале да осмислат и решение за остварување на еколошка градба, како што сопственикот сакал, но со ограничен буџет.kuka za proekcii za filmovi (4)

Овој проблем е решен со користење на материјали од локално производство со цел да се намалат емисиите од штетни гасови при транспорт, истакнуваат на сајтот на проектното студио Belzberg Architects.kuka za proekcii za filmovi (2) kuka za proekcii za filmovi (5)

Испрати коментар

Scroll To Top