Насловна / Архитектура / Фасада на болница декорирана со сигнали од Морзеова азбука

Фасада на болница декорирана со сигнали од Морзеова азбука

Уметникот Ray King искористи фасада на зграда како „платно“ на коешто „испишал“ текстови/пораки на историски личности на Америка.морзеова азбука фасада (3)

Оваа интервенција на метална фасада е, всушност, инсталација наречена Horizon и е направена од пластифицирани стаклени елементи закачени за објектот на болницата во Пало Алто, Калифорнија, САД.морзеова азбука фасада

На прв поглед, „случајниот“ распоред  на обоени кругови и цртички не значи ништо, но тие всушност имаат конкретна смисла, бидејќи се работи за текстови/пораки напишани во Морзеова азбука.морзеова азбука фасада (2)

Текстовите се цитати од Абрахам Линколн и Еленор Рузвелт, пишува Contemporist.

Овие пораки можат да се прочитаат кога ќе се застане на една дистанца од нив, и секако ако се знае Mорзеовата азбука.морзеова азбука фасада (4)

На јужната фасада поставен е дел од говорот на Абрахам Линколн за време на неговата втора инаугурација во 1865 година.

морзеова азбука фасада (5)

На западната фасада е цитат од Еленор Рузвелт, сопругата на поранешниот претседател на Америка, Рузвелт.

„Ќе добиете сила, храброст и доверба во секое искуство во коешто ќе престанете на стравот да му гледате во лице. Морате да го направите она што мислите дека не можете да го направите“, рекла Еленор Рузвелт во 1960 година, и сега овие зборови се испишани на фасадата на болницата.морзеова азбука фасада (6)

Испрати коментар

Scroll To Top