Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Европската Унија ќе се фокусира на други енергетски проекти

Европската Унија ќе се фокусира на други енергетски проекти

TAP-super
Во вторникот на 9 декември 2014 година, претставници на седум земји од Европската Унија (Грција, Италија, Австрија, Бугарија, Хрватска, Романија и Словенија) кои биле вклучени во реализација на проектот „Јужен тек“ одлучија да се посветет на други проекти.

Во соопштението за медиумите како еден од најзначајните проекти за снабдување со гас е наведен „Јужен коридор“, кој минува преку Азербејџан до Италија. Истакнато е дека е потребно подобро меѓусебно поврзување на гасните постројки во Јужна Европа, како и изградба на терминали за гас кој би се обезбедувал од арапските земји. За да се спроведе овој план, најавено е формирање на работна група која ќе ги координира работите во врска со обезбедување на снабдувањето со гас на подолг рок.

Меѓу другото, во соопштението е наведено и дека не е доставена официјална информација од Русија за стопирање на проектот „Јужен тек“, како и дека Европската Унија не се противи на реализацијата на овој проект доколку е во согласност со европските закони.

Испрати коментар

Scroll To Top