Насловна / Вести / Европската комисија објави листа од 235 клучни проекти

Европската комисија објави листа од 235 клучни проекти

Европската комисија усвои нова листа од 235 прекугранични енергетски проекти кои добиваат статус од заеднички и меѓусебен интерес, со што се отвора пат за побрзо издавање дозволи, силна политичка поддршка и можност за финансирање од европскиот Механизам за поврзување на Европа. Станува збор за втора листа од ваков вид од реформите на TEN-E уредбата од 2022 година.

Целта на новите проекти е да се унапреди енергетската поврзаност на европскиот континент, да се отстранат тесните грла во преносните системи и да се подготви инфраструктурата за амбициозните климатски цели до 2040 и 2050 година. Новата листа вклучува голем број проекти кои треба да ја поддржат енергетската транзиција:

  • 113 проекти во енергетскиот сектор, вклучувајќи паметни и офшор мрежи за интеграција на обновливите извори
  • 100 проекти во областа на водородот, меѓу кои се и големи електролизери неопходни за декарбонозација на индустријата
  • 17 проекти за транспорт на CO₂, кои треба да развијат инфраструктура за зафаќање и складирање на емисии
  • 3 проекти за модернизација на гасни мрежи, насочени кон дигитализација и зголемување на ефикасноста
  • Континуирана поддршка за поврзување на Малта и Кипар со континенталната енергетска мрежа

Листата на проекти сега оди пред Европскиот парламент и Совет, кои имаат два месеци за во целост да ги одобрат. По формалното усвојување, Комисијата ќе работи со државите членки на забрзување на реализацијата, со очекување дека првите проекти брзо ќе бидат подготвени за пријавување пред европските фондови.

Испрати коментар

Scroll To Top