Насловна / Вести / Европската комисија даде дозвола за десет нови ГМО култури

Европската комисија даде дозвола за десет нови ГМО култури

Research field
Европската комисија неодамна издаде дозвола за десет нови генетски модифицирани култури за исхрана на луѓето и животните, како и за две ГМО култури кои не се за исхрана (цвеќиња), и ги продолжи дозволите на седум други ГМО култури. Тоа се првите новоиздадени дозволи за ГМО по повеќе од две години на преиспитување на процесот што доведе до блокирање на издавањето на нови дозволи. Дозволите се однесуваат на увозот а не на продажбата. Во Европа, активистите за заштита на животната средина се против ГМО културите, додека производителите настојуваат да ја уверат јавноста дека ГМО културите се сосема безбедни.

gmo-cotton-all-cottonseed-oil-in-the-us-is-gmoГМО културите кои добија дозволи на 24 април, ќе се најдат на листата на која веќе има 58 одобрени односно дозволени ГМО производи на територијата на ЕУ, а се однесуваат на исхраната на луѓето или животните (пченка, памук, соја, маслена репка, шеќерна репка). Дозволите се издаваат со времетраење од десет години и за секој продукт кој ќе биде произведен од ГМО ќе важат прописите на Европската Унија за означување и следливост.

GMO
Мислењата во врска со ГМО во Европа се и понатаму поделени, додека во Азија и Америка ГМО културите се одгледуваат на огромни површини.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top