Насловна / Вести / Европска недела на одржлива енергетика во Брисел

Европска недела на одржлива енергетика во Брисел

Nedela na odrzliva energija Brisel 2016

Од 13 до 17 јуни, во Брисел ќе биде одржана Европската недела на одржлива енергија. Во рамките на оваа манифестација ќе биде одржана конференција посветена на прашањата за одржлива енергетска политика, најдобри практики и одржливи идеи.

Конференцијата е во организација на Европската Комисија, а се очекува да учествуваат преставници од енергетските агенции, индустријата, невладини организации и граѓанскиот сектор.

Во текот на европската недела на одржлива енергија ќе бидат доделени и награди за иновативни проекти во категориите: претприемништво, јавен сектор, потрошувачи и граѓански сектор.

 

Испрати коментар

Scroll To Top