Насловна / Вести / Европската комисија даде дозвола за изградба на гасовод преку Грција

Европската комисија даде дозвола за изградба на гасовод преку Грција

Европската комисија го одобри договорот со Грција за изградба на гасовод кој треба да носи гас од Азербејџан во ЕУ. Трансјадранскиот гасовод (ТАП), долг 878 километри, има за цел да ја намали енергетската зависност на Европа од Русија. Според планот, гасоводот треба да почнува од гасното наоѓалиште Шах Дениз II во Азербејџан, па преку Турција, Грција, Албанија и под Јадранското Море да стигнува до Италија.Southerncorridorfinal

Се очекува првите количини гас да стигнат во Европа до 2020 година.

Европската комисија нагласи дека тој проект не е спротивен на европското право и дека ќе обезбеди диверзификација на доставките при конкурентни цени.

Трансјадранскиот гасовод ќе минува под Јадранското Море и ќе чини 5,6 милијарди евра.

Испрати коментар

Scroll To Top