Насловна / Вести / Европа би можела да ги покрие светските потреби од енергија во наредните 30 години

Европа би можела да ги покрие светските потреби од енергија во наредните 30 години

Истражувачите од британскиот Универзитет Сасекс и данскиот Универзитет во Архус, развиле техники на мапирање на вкупните потенцијали за копнени ветерни електрани ширум Европа. Истражувањето покажало дека Европа би можела да произведе 100 пати повеќе енергија во однос на моменталното производство од копнените ветерни електрани.

windpotential2

Што се однесува до потенцијалот во регионов, Македонија и Босна и Херцеговина се во групата земји со најголем потенцијал за експлоатација на енергијата од ветерот. Во земјите од оваа група, потенцијалот е проценет на над 6,2MW по квадратен километар. Потенцијалот на Србија, Албанија и Црна Гора е проценет во опсегот од 4,5 до 6,2 MW по квадратен километар. Хрватска и Словенија се во групата земји со потенцијал од 1,2 до 1,9 MW по квадратен километар. Истражувањето покажало дека 46 % од европското копно е соодветно за изградба на ветерни електрани. Доколку тој потенцијал би бил во целост искористен, Европа би можела да ги покрие потребите од енергија на целиот свет, и тоа веќе до 2050 година.

windpotential1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top