Насловна / Вести / British Airways ја намалува емисијата на штетни гасови

British Airways ја намалува емисијата на штетни гасови

Британската авиокомпанија British Airways, најави намалување на емисиите на стакленички гасови во текот на летовите на територијата на Велика Британија, и тоа веќе од почетокот на наредната година. Со тоа ќе стане прва британска авиокомпанија која тоа ќе го постигне.

Владата на Велика Британија се обврза дека ќе ги намали емисиите на стакленички гасови во секторот на авиосообраќајот, и тоа за околу 20% до 2050 година. Оваа одлука е во согласност со потпишаниот Париски договор за борба против климатските промени. И покрај технолошкиот напредок, овој сектор многу придонесува за емисиите на штетни гасови на глобално ниво, па затоа се планира користење на биогорива како подобра опција.

Партнерската компанија International Airlines Group (IAG) планира да вложи 400 милиони фунти во наредните 20 години во развој на одржливо гориво за авиони, со цел да се помогне во оваа иницијатива. British Airways“ е втора по големина авиокомпанија во Велика Британија. Уште од 2014 година забележано е намалување на емисиите за над  360.000 тони.

BA1

BA2

BA3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top