Насловна / Арт и дизајн / „Споменик на слободата – разговорник“, книга и изложба на Елена Чемерска

„Споменик на слободата – разговорник“, книга и изложба на Елена Чемерска

Во петок, 18 октомври 2019 во студиото PrivatePrint ќе се отвори промотивна изложба за книгата „Споменик на слободата – разговорник“ на ликовниот уметник Елена Чемерска.

118
Книгата „Споменик на слободата – разговорник“, во издание на PrivatePrint, е документарен проект на Елена Чемерска кој содржи интервјуа кои се осврнуваат на Споменикот на слободата во Кочани (дело на Глигор Чемерски и Радован Раѓеновиќ) од аспект на уметноста, архитектурата и социокултурниот контекст. Книгата вклучува новинарски и есеистички текстови поврзани со споменикот, како и архивски и визуелен материјал. Книгата е двојазична, на македонски и на англиски.
Интервјуа и есеи содржани во книгата: Радован Раѓеновиќ, Глигор Чемерски, Стеван Станиќ, Илија Пенушлиски, Даница Павловска, Коста Балабанов, Небојша Вилиќ, Анета Христова – Поповска, Антоанела Петковска, Сања Хорватинчиќ, Борис Петковски, Владимир Мартиновски.

коч
Владимир Мартиновски во својот осврт кон книгата забележува:
„Оваа книга имплицитно ги поканува своите читатели да ги посетат високите архитектонски и уметнички дострели на Споменикот на слободата. На страниците од оваа книга еден од соговорниците пласира теза дека големата уметност е вонвременска. Оваа книга нè уверува дека овој споменик, како и темата на слободата која ја третира, несомнено влегуваат во категоријата „споменици потрајни од бронза”. На едно место во оваа книга Илија Пенушлиски вели: „Делото може да достигне универзални и космички височини, но, бара нега, бара партнер.” Оваа книга на Споменикот на слободата му го трасира патот кон неопходната нега, а сакаме да се надеваме дека и на многумина ќе ги мотивира да бидат „партнери” на убавината и на слободата во естетскиот контакт со ова значајно дело.“

28
Споменикот на слободата или споменик „Слобода“, подигнат е 1981 година на ридот Локубија во чест на 40 годишниот јубилеј од НОБ и претставува монументално дело на ликовниот уметник Глигор Чемерски и архитектот Радован Раѓеновиќ.
На промотивната изложба ќе бидат претставени и дела на Елена Чемерска, работени во склоп на поширокиот авторски проект поврзан со Споменикот на слободата во Кочани.
Изложбата ќе биде отворена од 19 до 24 октомври во периодот од 12 до 18 часот.
Книгата „Споменик на слободата – разговорник“ е финансиски поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, Општината Кочани и печатницата Аркус Дизајн од Скопје.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top