Насловна / Архитектура / Еве како една црква е претворена во генијално кошаркарско игралиште

Еве како една црква е претворена во генијално кошаркарско игралиште

Спортскиот бренд “Најк” претвори стара црква во Чикаго во кошаркарска сала. По затворањето на просторот во 2011 година, Градскиот совет на Чикаго одлучил да ја користи како платформа за развој на млади луѓе. Сега во внатрешноста на црквата, изградена во 1885 година, поставен е модерен кошаркарски терен со гардероба и сала за вежбање. црква кошарка (2)

И покрај значајните промени, архитекти се обиделе да ги сочуваат сите важни елементи на историската зграда. Затоа во внатрешноста на салата класичните стаклени садови се поврзани со кошаркарски топки. Новата сала е отворена за локалните тимови, а за време на викендот ќе има специјална обука за спортистите. црква кошарка (1)

Дури и поранешната ѕвезда на „Чикаго Булс“, Скоти Пипен, ќе доаѓа во оваа сала и ќе ги учи младите кошаркари со своите трикови. Главната цел на ваквиот проект е да промовира спортот меѓу тинејџерите кои живеат во Чикаго. Ова е само уште доказ дека напуштените простори не треба да се распаѓаат, но може да се искористат за нешто квалитетно за целата заедница.црква кошарка (4) црква кошарка (3)

Испрати коментар

Scroll To Top