Насловна / Вести / ЕУ воведува построги правила за загадувачите

ЕУ воведува построги правила за загадувачите

Со новите правиле се поставуваат построги ограничувања и целни вредности за 2030 година, за загадувачите на воздухот со сериозно влијание на здравјето на луѓето, што ги вклучува суспендираните честички односно PM2,5 и PM10, азотниот диоксид (NO2) и сулфур диоксидот (SO2). Дозволената годишна концентрација за  PM2,5 ќе биде повеќе од преполовена, од 25 µg/m³ на 10 µg/m³, додека за NO2 ќе биде точно двојно помала, односно 20 µg/m³, од сегашните 40 µg/m³.

Овие нови стандарди се поблиски, но не сосема во согласност со насоките на Светската здравствена организација (СЗО). Но, Европската комисија ќе има задача да спроведува ревизија на секои пет години, со цел директивата на ЕУ во целост да се усогласи со стандардите на СЗО. Загадувањето на воздухот претставува еколошка причина број еден за предвремените смртни случаи во ЕИ, и е одговорно за околу 300.000 такви случаи годишно, се истакнува во соопштението на Европскиот парламент. Новата уредба предвидува и поголем број пунктови за мерење на квалитетот на воздухот во европските градови со цел индексите на квалитетот на воздухот во ЕУ да бидат ускладени и споредливи, јасни и јавно достапни. Тие индекси исто така ќе пружаат информации за симптомите поврзани со скоковите во загадувањето на воздухот и здравствените ризици кои се врзуваат за секој од загадувачите.

Новите правила треба да бидат усвоени од Советот на ЕУ, пред да стапат на сила. Потоа, државите членки ќе имаат рок од две години да се ускладат со директивата. По исклучок, земјите ќе можат да бараат одложување на рокот до максимални десет години, но под одредени услови.

Испрати коментар

Scroll To Top