Насловна / Вести / ЕУ планира формирање на енергетска унија

ЕУ планира формирање на енергетска унија

nafta izvori-busenje

Ниските глобални цени на нафтата се „златна шанса“ за Европската Унија да разработи план за формирање на енергетска унија, со цел да ја намали енергетската зависност од Русија.

Ова го изјавил потпретседателот на Европската комисија, комесарот за енергетика Марош Шефчович, на конференцијата за медиуми во престолнината на Летонија.

„Треба да го искористиме овој период со ниските цени на нафтата и гасот како златна шанса за измена на нашите енергетски политики“, рекол комесарот, додавајќи дека Комисијата до крајот на месецот ќе изнесе нови предлози на тоа поле, пренесува „Франс прес“.

Планот на Комисијата вклучува пет „столбови“ на енергетска политика во 28 земји на ЕУ: намалување на емисијата на штетни гасови, вложување во технологија, унапредување на енергетската ефикасност, развој на единствен енергетски пазар и диверзификација на достава на енергијата.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top