Насловна / Вести / ЕУ ќе вложи милијарда евра во инфраструктурата на Западен Балкан

ЕУ ќе вложи милијарда евра во инфраструктурата на Западен Балкан

Seeto Comprehensive Network Road

Европската Унија ќе вложи милијарда евра во инфраструктурата на земјите од Западен Балкан, соопшти денеска делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина.

– ЕУ планира да вложи милијарда евра во текот на следните пет години во развој и поврзување на сообраќајната и енергетската инфраструктура во регионот на Западен Балкан, што води кон натамошна интеграција со земјите-членки на Унијата, – истакна шефот на делегацијата на ЕУ во БиХ, Рензо Давиди.

Тој потсети дека во последните неколку години ЕУ дала поголема важност на поврзувањето на граѓаните и деловните субјекти ширум Европа поради промовирање на одржливиот економски раст.

Johanes Han za zapaden balkan infrastruktura
Како што најави еврокомесарот (Јоханес) Хан на 25 март во Приштина, првиот чекор подразбира повеќе од 100 милиони евра во рамки на ИПА-фондовите, кои ќе бидат достапни за сите земји заедно со кредитите за финансирање од европските финансиски институции. За користењето на парите, земјите во регионот прво треба да ја усогласат основната мрежа на транспортната инфраструктура за регионот, се наведува во соопштението.

Како што јави ФЕНА, во соопштението се нагласува дека ЕУ е насочена да воспостави т.н. основна мрежа, со која ќе се поврзат главните градови, најголемите економски центри и пристаништата, како најважни приоритети.

Испрати коментар

Scroll To Top