Насловна / Вести / ЕУ: Драстично се намалуваат емисиите на штетни гасови во Европа

ЕУ: Драстично се намалуваат емисиите на штетни гасови во Европа

Zagaduvanje industrija CO2

Користењето на обновливи извори на енергија за производство на струја, греење/разладување и превоз придонело за постојано намалување на емисиите на штетни гасови во Европа.

Студијата на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија покажува дека во 2012 година количеството на емисиите е намалено за 716 милиони тони јаглерод диоксид, додека во 2009 година заштедата изнесувала 529 милиони тони CO2.

Во истражувањето се наведува дека две третини од намалените емисии на штетни гасови им се препишува на развојот на проекти за обновливи извори на енергија.

Zagaduvanje CO2

Земји предводнички во намалување на емисиите на штетни гасови се Германија со 144,5 милиони тони јаглерод диоксид, Шведска со 98 милиони тони CO2, Франција со 82,4 милиони тони CO2, Италија со 70,94 милиони тони јаглерод диоксид и Шпанија со 56,86 милиони тони CO2.

Испрати коментар

Scroll To Top