Насловна / Вести / Есенска дератизација во Гази Баба

Есенска дератизација во Гази Баба

500thumb_deratizacija_01

Општина Гази Баба на својата територија ја заврши акцијата за есенска дератизација на шахти.

Со постапката за уништување на глодарите беа опфатени 2500 шахти, за кои беше употребен парафински блок Бромахен. Уништувањето на глодарите траеше околу две недели, а акцијата ја изведе ЈЗУ „Центар за јавно здравје – Скопје“ во соработка со ЈП „Водовод и Канализација“, информираат од општина Гази Баба.

Дератизација на шахтите во општина Гази Баба се врши два пати во годината, на пролет и на есен.

Испрати коментар

Scroll To Top