
Постојаните патувања можат да бидат навистина напорни, но ако имате потполно функционална куќа на четири тркала, животот „на пат“ може да биде доволно удобен.

Сопственик на оваа куќа е Joseph Tayyar, аниматор со идеја потполно да го трансформира камионот во прекрасна и комфорна куќа која може да ја „понесе“ со себе каде и да оди.

Куќата е долга 11,5 метри, а ѕидовите се дебели 17 см и нудат одлична термичка изолација.

Дрвото како материјал се протега низ целиот ентериер, од кујната до спалната соба, и така придонесува за топлиот амбиент.

Сопственикот мислел и на енергетската ефикасност, па така на кровот поставил соларни панели со чија помош со електрична енергија се опслужува целата куќа, додека пак резервоарите за вода се наоѓаат под спалната соба.



Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија