Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Енергетските компании во опасност од „cyber“ саботажа

Енергетските компании во опасност од „cyber“ саботажа

Security concept: Lock on digital screen
„Cyber“ криминалците од криминалната група „Dragonfly“ претставуваат сериозна закана за работењето на енергетските компании. Тие веќе имаат изведено неколку саботажи врз однапред таргетирани цели. Напаѓачите успеале да загрозат бројни стратешки важни компании, при што е предизвикана сериозна штета па дури и прекин во снабдувањето со електрична енергија во погодените земји. Меѓу целите на напад на оваа група биле оператори на дистрибутивни системи за електрична енергија, оператори на нафтоводи како и добавувачи на енергетска индустриска опрема. Повеќето компании жртви се неоѓаат во САД, Шпанија, Франција, Италија, Германија, Турција и во Полска.

Групата „Dragonfly“, позната уште како „Energetic Bear“, е активна од 2011 година, а веројатно дејствува и од порано. На почетокот цели на напад им биле воените структури во САД и Канада, а во почетокот на 2013 година се „специјализираат“ за енергетски компании во САД и Европа.

Испрати коментар

Scroll To Top