Насловна / Вести / „Енергетски сеф“ – складиште на енергија од бетонски блокови и кранови

„Енергетски сеф“ – складиште на енергија од бетонски блокови и кранови

Бетонски блокови и кранови, тое е се што Ви е потребно за складиштење на електрична енергија. Како? Многу едноставно. Крановите користат електрична енергија од обновливи извори, во периодите кога има вишоци во системот, и ги подигаат бетонските блокови, а кога во системот недостасува енергија, крановите ги пуштаат блоковите да паднат на тлото, при што генераторот произведува електрична енергија. Исто како реверзибилните хидроцентрали, но овде водата е заменета со бетонски блокови, а гравитацијата ја врши останатата работа.

Енергијата од обновливите извори денес е широко достапна, но непредвидливостаа во призводството не е во состојба во целост да ги замени фосилните горива. Предложеното решение, за кое  стартапот Energy Vault вложи 110 милиони евра, овозможува складирање на енергијата врз база на кинетичката енергија и гравитацијата. Технологијата е инспирирана од реверзибилните хидроцентрали.

energyvault2

energyvault3

Како што наведуваат во стартап компанијата, ниската цена на блоковите, во комбинација со патентираниот дизајн и управувачкиот софтвер, им ги овозможуваат сите предности на реверзибилните хидроцентрали, но по многу пониска цена. Складирањето е модуларно и флексибилно во однос на моќноста на електраните, со капацитет на складиштење од 20-35-80 MWh и 4-8 MW непрекината испорака за време од  8-16 часови.

Во споредба со постоечките стационарни решенија за складирање на енергија – пред се хемиските батерии, ова решение пружа одржлива алтернатива која не се деградира во текот на времето и има конкурентни перформанси со ефикасност помеѓу 80% и 90%, и тоа со значително пониска почетна инвестиција.

energyvault4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top