Насловна / Архитектура / Екстензивно реновирање на крајбрежна резиденција од Wolveridge Architects

Екстензивно реновирање на крајбрежна резиденција од Wolveridge Architects

Blairgowrie-House (1)
Опкружена со сезонска Moonah вегетација, проектот за вилата Blairgowrie претставува реновирање на веќе постоечка крајбрежна резиденција во Викторија, Австралија. Она што некогаш претставувало скромен и едноставен дом, архитектите од архитектонското студио Wolveridge Architects го трансформирале во минималистички, современ објект.
Blairgowrie-House (3)
Иницијалниот концепт за дизајнот потекнува од неосветлениот, северно ориентиран двор, кој креира воздржана и приватна зона за објектот што би можела да се користи низ целиот период од годината. Позициониран во центарот на објектот, атриумот ги „пречекува“ посетителите водејќи ги кон пристапното скалиште кон првото ниво. Просторот е заштитен од сончевите зраци со кровна покривка од дрвени летви, додека самиот објект кој го обиколува ја обезбедува заштитата од ладните сезонски ветрови.
Blairgowrie-House (2)
Главните дневни простории се конфигурирани околу атриумот, одвојувајќи се од него преку серија од дрвени брисолеи, кои истовремено ја подобруваат природната вентилација во внатрешноста. Три детски соби и две бањи се сместени непосредно до фронтот на објектот, додека зад атриумот организацијата на просторот се отвора како единствен простор за дневниот престој, кујната и трпезаријата.
Blairgowrie-House (5)
Динамиката на поставување на различните прозорски отвори, завиени во алуминиумски рамки креира посебен пластичен израз при фасадното обликување, обезбедувајќи ограничена пенетрација на природно осветлување, истовремено дефинирајќи патерн од сенки долж дрвената обвивка.Blairgowrie-House (4)

Испрати коментар

Scroll To Top