Насловна / Архитектура / Еко-капсула која функционира како нискоенергетски дом

Еко-капсула која функционира како нискоенергетски дом

Архитектонското студио Nice Architects со седиште во Братислава, дизајнираше т.н. еко-капсула во јајцевидна форма која, всушност, претставува нискоенергетски дом. Овој дом со мали димензии е обезбеден со соларна енергија и енергија од ветерот, потоа апарати за собирање на дождовницата и филтрација.

слика-1

Еко-капсулата е со димензии 4,5 метри должина, 2,4 метри ширина и 2,5 метри висина, а воедно ги содржи сите неопходни работи на еден дом распоредени во осум метри квадратни слободен простор. Ентериерот е опремен со кревет на собирање, работен простор, трпезарија, бања, мала кујна и простор за складирање.

слика-2 слика-3

Со цел да се овозможи поголема енергетска ефикасност, додадени се турбина за ветер од 750 вати и соларни ќелии рапсоредни на површина од 2,6 метри квадратни со производство до 600 вати. Системот на двојна моќност и батериите со висок капацитет, овозможуваат засолништето да се употребува и за време на ниска сончева или ветерна енергија.

слика-4 слика-5 слика-7 слика-9

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top