Насловна / Архитектура / Егзоскелетна кула инспирирана од пејсажот на Сиднеј

Егзоскелетна кула инспирирана од пејсажот на Сиднеј

Реномираното архитектонско биро SOM, кое е потписник и на проектот за кулите во Београд на вода, ги здружиле силите со фирмата Arhitectus I Dexus Property Group како би  ја направиле кулата „100 Mount“ која е висока 35 ката, а чиј дизајн е инспириран од архитектурата и пејсажот на деловниот дел на Сиднеј.

Sidnej

Се разбира, иновацијата во која SOM е позната во овој случај се рефлектира во егзоскелета фасада направена од вкрстени челични носачи во комбинација со стаклени панели. Благодарение на оваа импресивна челична конструкција, новата зграда брзо стана нова градска обележје.

Sidnej2

Елементите на фасадата го контролираат интензитетот на дневната светлина, како и намалувањето на отсјајот, без да ја загрозат транспарентноста на објектот. Внатрешноста на зградата е дизајнирана со цел да има подобра употреба на природна светлина, како и да се овозможи добар поглед на градот. Исто така, се водело сметка и за создавање на пространи отворени простори.

Sidnej1

Од новата кула има поглед на пристаништето, мостот и познатата Сиднејска опера.

Sidnej3

Вовлечениот приземен дел, со стаклен ѕид со височина од осум метри, овозможи создавање на разни содржини како што се малопродажбата, кафулиња и ресторани. Каскадните тротоари ги насочуваат посетителите кон содржината на приземјето, додека патеката патува до локација што води кон околните јавни транспортни станици.

Sidnej4

Sidnej5

Sidnej6

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top