Насловна / Вести / Едночасовен прекин на сообраќајот на делницата Пресека- Врбјани

Едночасовен прекин на сообраќајот на делницата Пресека- Врбјани

miniranje preseka delnica

Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека денес на патниот правец А2, Кичево -Охрид, на делницата Пресека – Врбјани во периодот од 16 до 17 часот сообраќајот ќе биде во прекин за секаков вид на возила.

Прекинот е поради изведување на градежни работи, односно минирање.

Инаку сообраќајот на сите државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Испрати коментар

Scroll To Top