Насловна / Вести / Единствен изглед на пентхаус во Париз

Единствен изглед на пентхаус во Париз

05 AM arquitectura studio направиле вистински пресврт кога го работеле реновирањето на овој двоспратен пентхаус во Париз.

2
Оригиналниот ентериер содржел главен простор на долниот кат, со волумен со дупла висина, кој имал пристап на терасата на горниот кат која никогаш не била користена. Покрај тоа кровот на таванот бил залудно потрошен, имал улога на склад за работи кои не се во секојдневна употреба.

15
За да се искористата добрите карактеристики на просторот, новиот кат е изграден поблиску до плафонот со дупла висина, така горниот кат може да биде поврзан со екстериерот. Таванот е отсранет за да се откријат оригиналните високи плафони со своите величествени дрвени греди.

1

Резултатот е простор исполнет со светлина, со отворена основа и минималистичка декорација.

4
Горното ниво дава чувство на отвореност поради своите чисти, бели површини каде има топли дрвени детали. Во средишниот дел на просторот, скалите затворени со дрвени плочи, стануваат централен, скулптурален фокус на собата.

5

3
Истовремено вршејќи функција на скали, спротивните краеви на дрвените плочи се спуштаат надолу и се рамнат за да формираат седење пред каминот, креирајќи динамична привлечност, додека самите скали водат кон долниот дел на станот каде се сместени приватните простори.

14

Скалите се рефлектирани со огледала од под до плафон на долното ниво, поради што целиот простор изгледа поголем и посветол.

7

9

11

12

Испрати коментар

Scroll To Top