Насловна / Вести / Светот пребавно ги исполнува одржливите енергетски цели

Светот пребавно ги исполнува одржливите енергетски цели

И покрај значајниот напредок во последните неколку години, светот не ги исполнува глобалните енергетски предизвици кои се поставени преку Целите за одржлив развој на ОН до 2030 година. Ова се истакнува во новиот извештај на Меѓународната Агенција за енергетика (IEA), Меѓународната агенција за обновлива енергија  (IRENA), Статистичкиот оддел на ОН (UNSD), Светската банка и Светската здравствена организација (WHO).

SDE1

Во документот се истакнува дека обезбедувањето на достапна, сигурна и одржива енергија за сите до 2030 година и натаму е можно, но дека тоа ќе бара посериозни напори, особено во некои од најсиромашните делови од светот.

Некои од клучните решенија кои би можеле посериозно да се користат во поврзувањето на посиромашните делови од светот како и на оддалечените и тешко достапни домаќинства се опциите „надвор од мрежа“ односно т.н  off-grid  алтернативи кои вклучуваат значителна примена на соларната енергија.

SDG2

Особено е интересно да се истакне дека во 2017 година во светот најмалку 34 милиони луѓе добиле пристап до електрична енергија благодарение на  off- grid технологиите. Инаку, „обновливите извори“ учествувале со 17,5% во светската потрошувачка на енергија во 2016 година, додека во 2010 тој удел бил 16,6%.

SDG3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top