Насловна / Вести / ECOMONDO – Изложба на зелени технологии

ECOMONDO – Изложба на зелени технологии

Ecomondo-2017

ECOMONDO е манифестација која ќе се одржи во Експо центарот во Римини во периодот од 7 до 10 ноември 2017,  и претставува прва европска изложба за циркуларна економија. Најавено е учество на над 1200 компании кои ги изложуваат своите производи и процеси, и 105.000 учесници од над 40 земји. Меѓународниот настан ги обединува сите сектори на зелената и циркуларна економија, од енергетска ефикасност до обновливи извори на енергија, и од рециклирање на отпадот до одржлив развој.

Ecomondo-cirkularna-linearna-ekonomija

Италија има значајна улога во Европа во областа на енергетската ефикасност. Од тие причини, ECOMONDO претставува единствен настан во областа на животната средина и управувањето со отпадот, каде што професионалците и компаниите можат да ги претстават своите иновации и достигнувања во овие сектори.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top