Насловна / Вести / Двојно поголема емисија на цврсти честички од греењето на дрва отколку од дизел автомобилите

Двојно поголема емисија на цврсти честички од греењето на дрва отколку од дизел автомобилите

london-zagaden

Неодамна Град Скопје ја претстави анализата за уделот на различните категории загадувачи според која домаќинствата предничат во однос на сообраќајот и индустријата.

Во пресрет на божиќните празници, британски Guardian објави слични истражувања на оваа тема, осврнувајќи се на големиот процент домаќинства во југоисточна Британија кои во овој период на годината вклучуваат и греење на дрва преку своите камини и тоа главно од декоративни причини. Инаку во просек во Британија 7,5% од домаќинствата се греат на дрва.

kamin

Во написот под наслов Why logs are twice as dirty as diesel, весникот укажува дека количината на PM честички од дрвото (иако се смета за јаглеродно неутрално гориво) е двојно повисока во споредба со онаа на дизел возилата според важечките ЕУРО норми.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top