Насловна / Вести / Две места во куќата каде што не треба да се чуваат растенија во текот на зимата

Две места во куќата каде што не треба да се чуваат растенија во текот на зимата

За време на студените зимски денови, повеќето растенија најдобро е да се внесат во куќата, но во домот има две места што воопшто не им одговараат. Истото важи и за растенијата што остануваат во куќата цела година.

rastenija1

Ова се местата со прозорци преку кои влегува ладен воздух (треба да се внимава лисјата на растението да не го допираат ладното стакло) и места во близина на извори на топлина, како што се шпорети или радијатори, бидејќи тие привлекуваат влага од растението и оставаат брзо да се исуши.

Ова ќе го забележите на листовите кои полека се претвораат во кафеава боја, односно почнуваат да бледнеат.

rastenija

Поради намалената сончева светлина, куќните растенија растат побавно во текот на зимата, така што не им треба толку вода како во топлите месеци. Прекумерното наводнување може да предизвика различни болести на растенијата.

Бидејќи има малку сонце, обидете се да ги отстраните сите пречки за апсорпција на сончева светлина – редовно отстранувајте ја прашината од листовите.

Испрати коментар

Scroll To Top