Насловна / Вести / Најголемите глобални еколошки теми во 2019 година

Најголемите глобални еколошки теми во 2019 година

Изминатава година, милиони луѓе ширум светот се мобилилизираа на протести за да ја истакнат итната потреба од организирана климатска акција. Дали 2019 може да се означи како пресвртница во борбата со климатската криза? BBC направи преглед на настани кои ја обележаа 2019 година во областа на науката и заштитата на животната средина. Во продолжение издвојуваме некои од нив:

Активизмот на Грета

Во 2019 година, реакцијата на забревтаните климатски промени доби нов импулс. Инспирирано од шведската активистка Грета Тунберг, движењето за климата достигнал кулминација. Милиони луѓе земаа учество во масовните протести во многу земји ширум светот. Грета одбра да даде изјава во моментот кога отплови кон Њујорк на самитот за климата во Обединетите Нации. „Се чувствував како да сум единствената која се грижи за климатската и еколошката криза… Сега се чувствувам добро, бидејќи гледам дека не сум сама во оваа борба„ изјави Грета.

greta1

 

Британскиот парламент прогласи climate emergency

Парламентот на Велика Британија ги посочи климатските промени како еден од клучните проблеми, и прогласи т.н климатска итна состојба. Но, за жал истата 2019 година сведочеше и за политички потези кои го поткопуваат веќе постигнатиот климатски Договор од Париз од 2015 година. САД започнаа процес за повлекување од овој Договор. Климатскиот самит COP25, кој се одржа во Мадрид, заврши со договор кој многумина од познавачите го оценуваат како разочарувачки. Сега товарот паѓа на Велика Британија која како домаќин на COP26 во Глазгоов 2020, се очекува да одигра лидерска улога.

climateemergency

cliamteemergency2

 

Земјата и океаните под закана

Два извештаи од телото на Обединетите Нации (ОН) за науката за климата, го претставија степенот до кој човекот ја уништува површината на Земјата и нејзините океани. Првиот од овие документи од IPCC (Intergovernmental Panel on Climate Change) предупредува дека мора да се запре злоупотребата на земјиштето доколку сакаме да ги избегнеме климатските промени од катастрофални размери. Извештајот подвлекува како нашите активности ја деградираат почвата, ја зголемуваат површината под пустина, ги уништуваат шумите и претставуваат закана за опстанокот на многу растителни и животински видови. Научниците вклучени во истражувањата на ОН истакнуваат дека префрлањето кон вегератијанска исхрана може да помогне во борбата со климатските промени. Вториот извештај, ги третира океаните и подрачјата под лед, и се осврнува на покачувањето на нивото на мориењата, топењето на ледниците, и преселувањето на одредени видови од поларните подрачја. Извештајот нотира дека околу 700 милиони луѓе ќе претрпат директни последици од покачувањето на нивото на морињата.

IPCC1

IPCC2

 

Рекордно топење на ледот на Гренланд

Во септември, науката предупреди на драматичното топење на ледот на Гренланд, односно „застрашувачката стапка која не е претходно анализирана во нитуе едно сценарио“. Имено, Гренланд  денес се топи седум пати позабрзано отколку во 1990 година.  Истовремено, забележано е рекордното топење на ледот на Гренланд во само еден ден. Ледниците на Гренланд содржат количина на вода, која доколку целосно се истопи ќе предизвика покажување на нивото на морињата за дури 7 метри.

Grenland1

grenland2

 

“Валкана тајна“ која го забрзува глобалното затоплување

Гасот сулфур хексафлуорид  (SF6) игра значајна улога во дискусиите за климатските промени. Тој е категоризиран во групата гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина, и има најголем загадувачки потенцијал меѓу сите стакленички гасови. Овој ефтин и незапалив гас се користи кај прекинувачите во електричните разводни постројки. Иако вкупните атмосферски концентрации на овој гас засега не се високи, глобалната инсталирана база на опрема со овој гас се очекува да расте за 75% до 2030 година. Загрижувачки е фактот што засега не постои начин за уништување или апсорбирање на овој гас откако истиот ќе биде испуштен во атмосферата.

sf61

sf63

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top