Насловна / Вести / КОАОИ со најава за комеморативна седница во чест на проф.д-р Миле Димитровски

КОАОИ со најава за комеморативна седница во чест на проф.д-р Миле Димитровски

Комората со соопштение за одржување на комеморативна седница во чест на проф.д-р Миле Димитровски.
„Комората на овластени архитекти и овластени инженери има чест и обврска да најави одржување на комеморативна седница во чест на нашиот драг и ценет колега, проф. д-р Миле Димитровски, истакнат професор, долгогодишен соработник и заслужен член на инженерската заедница. Комеморативната седница ќе се одржи во просториите на Комората во:
Датум: понеделник, 19 мај 2025 година
Време: 14:00 часот
На седницата ќе се потсетиме на неговото богато животно дело, неговиот придонес во образованието, науката и професионалниот развој на генерации инженери и архитекти. Преку говори и спомени, ќе ја оддадеме заслужената почит кон личноста и делото на проф. д-р Димитровски. Ги покануваме сите членови на Комората, колеги, пријатели и почитувачи да присуствуваат на оваа достојна прилика.“

Испрати коментар

Scroll To Top