Насловна / Вести / Дрвените врати како главен градежен материјал

Дрвените врати како главен градежен материјал

Павилјон, кој привремено е поставен на улиците на Париз е направен од 180 дрвени врати.

Circular Pavilion е ново креативно место во „градот на светлината“, коешто архитектонското биро Encore Heureux го дизајнира со намера во него да се одржуваат изложби, работилници, предавања и дебати.drveni vrati materijal

Овој павилјон е привремен објект и повторно ќе биде монтиран во парискиот 14 дистрикт, како централа на спортско здружение.

Примарниот градежен материјал – врати – се набавени од различни места. Некои од нив се добиени како вишок од аукционерски продажби, некои се последица на нефункционалноста бидејќи се направени погрешно а некои се преземени од градилишта, пишува Contemporist.drveni vrati materijal (2)

Значи, Circular Pavilion е објект кој е целосно добиени од рециклирани материјали. Освен фасадата, која е направена од дрвени врати, конструкциската рамка е од материјал преостанат од некој старечки дом, додека подот и преградните ѕидови се искористени од поранешен изложбен простор.drveni vrati materijal (3)

Што се однесува до ентериерот, дрвени столици, кои се речиси единствениот мебел во павилјонот, се земени од депонија, поправени, префабрикувани и повторно ставени во употреба.drveni vrati materijal (4) drveni vrati materijal (5) drveni vrati materijal (6)

Испрати коментар

Scroll To Top