Насловна / Архитектура / Дрвен комплекс што ги поврзува природата и архитектурата

Дрвен комплекс што ги поврзува природата и архитектурата

Станбено деловниот комплекс планиран за Лил во Франција ќе биде изграден од дрво и ќе има многу зеленило. Проектот за оваа одржлива серија згради го доби името „Archiborescence“. Името комбинира поими поврзани со архитектурата и техниките за градење со дрво. Зградите ќе бидат претежно од дрво. Покрај тоа, тие ќе се карактеризираат со енергетска ефикасност, бидејќи соларни панели и ветерници ќе се користат за напојување.

kompleks

Проектот за овој комплекс, кој ќе се наоѓа на местото каде порано се наоѓало училиште, го направи Винсент Калебо. Проектот ќе се состои од низа ниски згради со вкупна површина од 14.465 квадратни метри, во чии рамки ќе има станбени единици, хотел, деловни простории, теретана со ѕид за искачување и дел за вежбање јога, како и дел за малопродажба. Акцентот ќе биде ставен на пешачките места и велосипедските патеки, така што луѓето ќе имаат свест да користат автомобили што е можно помалку.

kompleks1

За изградба на објектите ќе се користи вкрстено ламинирано дрво (CLT). Избрано е за да се намалат емисиите на јаглерод бидејќи производството на овој вид градежен материјал бара многу помалку енергија во споредба со бетон или челик и не создава стакленички гасови. Покрај тоа, безбедноста во случај на пожар е подобрена. Што се однесува до отпорноста на пожар, Винсент Калебо истакна дека дрвото полека гори, не ослободува токсични гасови и ја пренесува топлината 250 пати побавно од челикот што се топи и 10 пати побавно од бетонот што пука под дејство на пламен.

kompleks2

Меѓу одржливите карактеристики, споменати се и системите за собирање на дождовница. Водата добиена од овие системи би се користела за испирање на тоалети и за наводнување на зеленило. Исто така, ќе се користи за наводнување на урбаните фарми на покривот за одгледување овошје и зеленчук. За изолација ќе се користат природни материјали како слама и коноп, додека распоредот на просториите во рамките на структурите ќе се организира така што ќе се обезбеди природна циркулација на воздухот.

kompleks3

Соларните панели и кровните ветерници ќе бидат одговорни за снабдување со енергија, кои ќе бидат поврзани со електричното складирање засновано на водород. Целта е да се произведе повеќе енергија отколку што е потребно за функционирање на објектите, но сè уште не се знае точно колку би било и каде и на кој начин би се сместило дополнително произведената енергија што е вишок.

kompleks4

Испрати коментар

Scroll To Top