Насловна / Арт и дизајн / Анџелина Џоли ја продаде сликата од Черчил

Анџелина Џоли ја продаде сликата од Черчил

Ретката слика на британскиот премиер Винстон Черчил која ја продаде Анџелина Џоли го сруши аукцискиот рекорд. Делото „Кулата на џамијата Кутубија“ беше продадено на 1 март, во аукциската куќа „Кристи“ во Лондон, за 11,5 милиони долари.

ц3_resize

Сликата е подарок од Черчил на американскиот претседател Френклин Д. Рузвелт за време на Втората светска војна и како што пишувавме, беше во колекцијата на актерката Џоли.

Анџелина Џоли ја продаде сликата од Винстон Черчил која Бред Пит и ја поклони 2011. година.

Продажбата се зголеми за три пати повеќе од првичната проценета вредност на сликата од 3,5 милиони долари. Претходна рекордна цена на слика на Черчил беше 2,7 милиони долари, а беше продадена во 2014 година во куќата „Сотби“ во Лондон.

ц1_resize ц2_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top