Насловна / Архитектура / Доколку имате вишок од 6,5 милиони евра, можете да си купите еколошки самоодржлив остров

Доколку имате вишок од 6,5 милиони евра, можете да си купите еколошки самоодржлив остров

Малиот приватен остров се наоѓа на територијата на државата Флорида, на околу 40 километри од градот Ки Вест.

Островот му припаѓал на рок ѕвезда, кој сакал да остане анонимен.

Со површина од 5,24 акри, Melody Key Lodge е вистински мал рај, доволно оддалечен од градската гужва, но она што го прави овој остров интересен е фактот што тој е целосно енергетски независен.Melody-Key-Lodge

Покрај соларниот систем, островот, исто така, има резервен генератор, како и систем за десалинизација на водата.Melody-Key-eco-lodge

Во рамките на островот има два објекти како дрвени конструкции. Додека помалиот објект служи како помошен објект до базенот, а во вториот има пространа кујна со трпезарија, дневна соба и три спални соби со бањи.Melody-Key-Lodge3

Со сите удобности кои самата локација ги нуди на ова место, многу сметка се водело за самоодржливоста за да може независно да функционира, пишува Inhabitat.

Melody-Key-Lodge6 Melody-Key-Lodgeе Melody-Key-Lodge4

Дколку на идните сопственици не им е доволен поглед на океанот од 360 степени, може да користат безжичен Интернет кој функционира на целиот остров.

Испрати коментар

Scroll To Top