Насловна / Екологија / До октомври ЕУ лидерите мора да ги прифатат климатските цели

До октомври ЕУ лидерите мора да ги прифатат климатските цели

CO2 emissions
Европските лидери се подготвуваат да го означат октомври како краен рок до кој ќе биде донесена одлука за новите климатски и енергетски цели до 2030 година. Во јануари оваа година, Европската комисија ги објави квантифицираните обврски за намалување на емисиите на стакленички гасови од 40% во однос на нивото од 1990 година.

Околу ова прашање и понатаму постојат несогласувања помеѓу земјите членки, бидејќи источноевропските земји предводени од Полска значително зависат од јагленот, и исклучително е тешко да ги достигнат зацртаните цели. Претставниците на тешката индустрија пак, предупредуваат дека Европа повторно ќе изгуби на конкурентноста доколку самата си наметне високи цели за намалување на емисиите, кои остатокот од светот нема да ги следи.

Извор: Reuters

Испрати коментар

Scroll To Top