Насловна / Архитектура / Дизајнерски проект на куќа во природа

Дизајнерски проект на куќа во природа

Познатото дизајнерскo и архитектонскo студио ONG & ONG го заврши амбициозниот проект на современ семеен дом. Дизајнерите имале многу малку креативни ограничувања, а во нивната работа единствено до што требало да се придржуваат е принципот shakkei, кој во јапонската архитектура го означува начинот на проектирање кој има за цел вклопување на објектот во средина во која се наоѓа и „фаќање“ на есенцијата на природата.kuka-vo-singapur_6

Семејната куќа во Сингапур се наоѓа во резиденцијалниот дел на градот, кој, исто така, изобилува со зеленило и големи зелени површини. Некои од главните карактеристики на оваа куќа се големата количина на природна светлина, отворениот простор, и земјаните тонови искористени во ентериерот. Надворешниот изглед е карактеристичен за современи градби, а тоа првенствено се однесува на правилните геометриски облици.kuka-vo-singapur_9

Иако има зеленило околу куќата, архитектите додале и мноштво растенија во собите и ходниците, кои всушност претставуваат контраст на едноставните бои и на самото ентериерско уредување. Бидејќи се работи за луксузна куќа, архитектите дизајнирале и многу интересен базен кој се наоѓа во градината, но, исто така, може да се види и преку стаклото во дневната соба на најнискиот кат.kuka-vo-singapur_7 kuka-vo-singapur_5 kuka-vo-singapur_4 kuka-vo-singapur_8 kuka-vo-singapur_3 kuka-vo-singapur_2 kuka-vo-singapur_1

Испрати коментар

Scroll To Top