Насловна / Вести / Дислокација на ресторанот на скопското Кале

Дислокација на ресторанот на скопското Кале

dislokacija na restoranot na kale

Кон крајот на идната недела ќе биде решен проблемот со ресторанот на скопското Кале, најави за Телеграф првиот човек на Управата за заштита на културното наследство, директорот Виктор Лилчиќ.

„Во координација со Управата за имотно-правни односи, кон крајот на идната недела ќе се постапи кон дислокација на инвентарот од ресторанот што се наоѓа на археолошкиот локалитет. Скопското Кале е споменик на културата од прва категорија и согласно со законските прописи за заштита на културното наследство, секаков таков објект како што е ресторанот мора да биде дислоциран“, објаснува Виктор Личиќ.

Откако почнаа интензивните археолошки истражувања на скопското Кале, од 2007 година до денес, Управата не успеа да најде заедничко решение со сопственикот на објектот.

Дислоцирањето на ресторанот, како што велат археолозите, е неопходно за извршување на целосни археолошки истражувања на локалитетот, негова конзервација и реставрација, како и промоција пред пошироката јавност.

Испрати коментар

Scroll To Top