Насловна / Архитектура / Дигитална болница во Виена

Дигитална болница во Виена

Во моментот најинтересен градежен проект во Австрија е изградбата на дигитална болница во Виена. Krankenhaus Nord треба да биде отворена на лето 2019 година, и ќе има дигитални решенија за пружање згравствени услуги по мерка на пациентите. Во новоизградената болница сите иновации поврзани со дигитализацијата ќе бидат собрани во еден целокупен концепт, со што станува една од најмодерните болници во Европа. Концептот на дигитална болница опфаќа архитектура, процеси, медицина и техника.

KH-Nord1

khnord2

Сите области се поддржани од високо меодернизирана електронска обработка на податоци. Вкупно се вмрежени околу 3000 медицински апарати, од мобилни ултразвук апарати до компјутерска томографија. На секој пациент на располагање му се мобилен екран со интернет, радио, ТВ и игри. Тука е и видео менаџмент во операционите сали, како и електронски архиви за пациентите. Внатрешниот транспорт во болницата е автономен (со роботи) и се овозможува ефикасно доставување на облека, храна и лекови. Околу 40 вакви роботизирани возила ќе бидат управувани преку интернет и ќе извршуваат по околу 500 возења дневно.

khnord5

khnord6

Уште една новина и специфичност ќе биде високо модернизираниот пневматски транспорт (низ цевки). Порано на овој начин се испраќале рентген снимки или извештаи, но денес овој вид на „цевки“ се користи пред се за итна распределба на лекови и лабораториски примероци. Новиот систем подразбира ова да се работи потполно автоматски, и се смета дека за еден час преку овој систем ќе може да се превземат и обработат 100 пратки со околу 400 примероци.

khnord4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top