Насловна / Вести / Ди Каприо се сретна со Трамп – со обновливи извори до отворање на нови работни места

Ди Каприо се сретна со Трамп – со обновливи извори до отворање на нови работни места

leonardo-dicaprio-donald-trump-meet

Холивудскиот глумец Леонардо Ди Каприо и директорот на неговата фондација се состанаа со новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп за да разговараат за заштитата на животната средина и зелената економија. Директорот на фондацијата “Leonardo DiCaprio” (LDF),  потврди дека состанокот е одржан во Трамп кулата во Њујорк, при што го презентирале својот концепт на одржлива економија и отворање нови работни места токму преку производство на чиста енергија.

Оскаровецот и амбасадор на ОН за мир, познат е по својот ангажман за прашањата во врска со климатските промени, а неговиот последен документарен филм „Before the Flood“ зборува за опасностите што следуваат во наредните децении предизвикани од климатските промени.

donald-trump-climate-change

Од друга страна, Трамп во текот на кампањата отворено зборуваше против актуелниот Договор за климата и планот на Обама за чиста енергија.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top