Насловна / Вести / Детското одморалиште на Пелистер ќе се продава

Детското одморалиште на Пелистер ќе се продава

odmoraliste pelster

Државата по првото огласување за продажба на детските одморалишта во Македонија досега успеала седум да продаде. Во 2014 година ги продаде одморалиштата во Крушево и Пехчево. За продажба останале одморалиштето на Пелистер, во Дојран и едно во Свети Николе.
Детското одморалиште на Пелистер имаше почетна цена за продажба од 500 000 евра, но сега со новите проценки кои се прават, се очекува вредноста да се намали. Како што рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, оној што ќе го купи ќе има обврска да ја задржи дејност како рекреативно место и две години да ги задржи на работа вработените.

Испрати коментар

Scroll To Top