Насловна / Архитектура / Детско село во савана

Детско село во савана

Од архитектите:
Големината на бразилската тропска савана, бесконечноста на небото и популарното знаење.
Сè е во континуитетот, во големата тенка имагинарна линија, во позадината која е најпрепознатлива при посетување на централниот регион на Бразил. Предложената архитектура не може да се разликува премногу од оваа содржина. Немерливата убавина на локалното население е тоа што нè трогнува најмногу.

5
Но, како да се твори во констелација каде моменталната култура слепо се модернизира во потрага по сонот за масовна репродукција? Како архитектурата да стане релевантна на оваа локација, која е означена со рурални и домородни мемории, техники и естетики?
Со овие почетни истражувања, проектот за вдомување на 540 деца кои учат во интернатско училиште во Кануана, цели кон трансформација, културно спасение, охрабрување на локалните конструктивни техники, домородното знаење и убавина, заедно со градење на чувство за самосвест и чувство на припаѓање, клучни во правилниот развој на децата.

9
Процес:
Во процесот на идејното решение за проектот, архитектите од Rosenbaum + Aleph Zero работеле во тесна соработка со локалното насление за да можат подобро да ја разберат големината и комплексноста на просторот каде треба да живеат деца чии гледишта на животот се менуваат секојдневно. Покрај обичното население, константно биле консултирани и лица кои директно работат со децата како учители, администратори и секако самите деца кои придонеле многу резултатот да биде успешен. Процесот на креирање поминал низ многу фази на истражување, елаборирање и соработка преку работилници каде биле изнаоѓани можни решенија на различни проблеми, кои произлегувале од дијалог помеѓу модерните градители и богатото локално знаење и искуство на локалните жители. Како резултат на сето ова јасно станало дека има голем потенцијал и убавина во традиционалните конструктивни техники каде се користи земја како материјал за цигли. Токму овој материјал кој покрај своите естетски квалитети покажал одлични климатски перформанси бил предложен како конструктивен материјал.

2
Резиденција:
Процесот на постојано архитектонско подобрување на проектот, резултирал со првиот чекор на поширока урбанизација и организација на локацијата. Новата конфигурација на теренот опфаќа две големи детски „села“, едното за машки, а другото за женски деца. Секој објект е поставен на стратегиски точки, кои не се позиционирани во центарот на градежната локација, туку заземаат странична позиција блиску до земјоделските површини, овозможувајќи подобри просторни и функционални поделби на училиштето како целина.

6

Во овој контекст, студентските соби се поделени на 45 простории за по шест ученици, со кревети на кат, простор за складирање и приватни делови за хигиена. Овие простории се групирани во групи од пет, а потоа поделени во три големи дворови исполнети со локална савана и тропски видови. Овие дворови ја збогатуваат содржината на објектот со тоа што служат како собирни места, а зелената површина ја регулира температурата и влажноста на воздухот. Во централниот двор се наоѓа еден природен базен со мали украсни рипчиња, каде се собира дождовната вода која паѓа од крововите, а во денови на поројни дождови со канал се враќа во локалната река Javaés.
Во горниот дел над собите за спиење предвидени се простории со различна содржина како соба за гледање телевизија, соба за читање, балкони, соби за играње и друго. Овие простории се проектирани заедно со децата со цел да се подобри нивниот квалитет на живот во текот на школската година, но исто така и да служат како содржини кои можат да се користат и по завршување на школската година.

1
Материјали:
Тенкиот бел лимен покрив, поставен на лесна дрвна конструкција која е проектирана во мрежа од 5,9 м на 5,9 м, го покрива целото детско село. Покрај заштита од атмосферски влијанија, оваа конструкција прави дистинкција помеѓу надворешниот и внатрешниот дел и покрај тоа што нема никаде визуелна поделба.

3
Како конструктивен материјал е избрано дрвото еукалиптус, кое го има во изобилство во околината, слепено во големи ламелирани елементи. Високиот степен на префабрикување на конструктивните елементи овозможува драстично скратување на времето на изградба со што не се нарушува нормалното функционирање на училиштето. За изградба на останатите простории употребени се стабилизирани земјени цигли кои имаат одлични термални карактеристики. Покрај нивните добри градежни карактеристики, со нивна употреба се потврдува архитектонскиот контекст и естетика на околината.

10
Дизајнот на новото детско село се стреми да ја зголеми самодовербата кај учениците, чувството на припаѓање, одговорност кон природата и секако подобар академски успех. Ова е постигнато со тесна соработка помеѓу архитектите и локалните градежници, со образовниот кадар и секако со децата како директни корисници на објектот. Сите овие напори се препознаени и наградени со многу награди како успешно архитектонско решение, но како една од најголемите награди е секако наградата RIBA (Royal Institute of British Architects) за интернационален проект и RIBA за млади архитекти.

7

4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top