Насловна / Вести / Десниот брег на Сена во Париз ќе стане пешачка зона

Десниот брег на Сена во Париз ќе стане пешачка зона

Советот на градот Париз реши десниот брег на Сена во градот да стане пешачка зона.

Десниот брег на Сена „им беше вратен на парижаните“ уште летово, кога имаа право да се движат пешки или со велосипеди.

Одлуката на Градскиот совет е донесена и покрај противењето на Комисијата која спроведе јавна анализа за одржливоста на проектот.

Градоначалничката на Париз, Ан Идалого, одуката за создавање на пешачка зона на десниот брег на Сена ја нарече „историска одлука“.

Нејзиниот помошник за транспорт Кристоф Најдовски, од групата на Зелените, изјави дека ваквата одлука е „далеку од катастрофата, што ja најавуваат нејзините противници“.sena-kako-peshachka-zona

Според Најдовски, оваа мерка за претворање на брегот на Сена во пешачка зона има ефекти на краткорочен план, но таа ќе има позотивно влијание на долгорочен план за животната средина и економската атрактивност на Париз.

Градските власти сметаат дека со намалувањето на местата за автомобили во градот и со развивање на другите алетрантивни средства за превоз ќе се постигне напредок.

– Пред педесет години кога беа замислени кејовите покрај Сена, автомобилите требаше да минуваат низ центарот на градот. Но, тогаш не се зборуваше за климата. Денес во 21-от век, ја променивме ерата и треба да се соочиме со тоа, вели Кристоф Најдовски.

Испрати коментар

Scroll To Top