Насловна / Арт и дизајн / Десетте најколористични градови во светот

Десетте најколористични градови во светот

Замислете да би живееле во некои од овие десет колористични градови каде што на секој чекор и на секој агол може да се пресретнете со прекрасна „експлозија“ од бои. Креативноста на луѓето може да го претвори секој досаден град во живописна убавина.

Град-11. Cinque Terre во Италија

Градот Cinque Terre се состои од селата Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola, и Riomaggiore и сите тие се издигнуваат високо над Медитеранот. Градот е карактеристичен по малите куќи сите со светли и различни бои, а гледано од страна гратчето изгледа како сликарско платно на некој уметник.

Град-22. Brighton Beach во Мелбурн, Австралија

Долгата песочна плажа во Мелбурн се состои од плажите Dendy Street beach, Middle Brighton и Brighton beaches, сите карактеристични по долгиот ред на колористични дрвени куќарки на плажата.

Град-33. Paradise Island на Бахамите

Главниот град на Бaхамите е богат со убавина и историја. Основан е во 1656 година и отсекогаш претставувал центар на бојата и културата помеѓу Бахамските Острови.

Град-44. Gamla Stan во Стокхлом

Овој предел го претставува стариот дел на шведскиот град Скохлом и денес во него живеат околу 3.000 луѓе во објектите изгрдени во 17 и 18 век.

Град-55. Barranco во Лима, Перу

Во градот доминираат колористичните објекти и прекрасните колонијалистички куќи распространети долж брегот на Лима.

Град-66. Cape Town во Јужна Африка

Објектите во Cape Town се карактеристични по светлите и шарените фасади: розови, портокалови, жолти и сини бои креираат заедница која дефинитивно се вбројува во листата на најколористични градови во светот.

Град-77. Pattaya во Тајланд

Лоциран на источниот брег на заливот на Тајланд, овој град годишно го посетуваат околу еден милион туристи. Освен што е познат по спортовите на вода и големиот број барови, тој се издвојува и по ведрата фасада на објектите.

Град-88. Puerto Vallarta во Мексико

За сите оние со автентичен вкус треба да го посетат мексиканскиот град Puerto Vallarta. Улиците со калдрми, старите катедрали, занаетчиските дуќани и шеталиштето, дефнитивно овозможуваат незаборавно искуство.

Град-99. Willemstad во Куракао на Карибите

Шаренилото на овој град е остаток од револтот против холандското владеење со градот во 1800 година, а денес претставува причина за големиот број туристи.

Град-1010. Wroclaw во Полска

Објектите во центарот на градот се шарени, обоени во пастелни и јаки бои со што класичната архитектура се трансформира во современа архитектура.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top