Насловна / Вести / Дератизација на шахтите во Гази Баба

Дератизација на шахтите во Гази Баба

deratizacija vo gazi baba

Општина Гази Баба два пати годишно врши дератизација која се одвива координирано со останатите општини и Градот Скопје. Во изминатиот период завршија и активностите околу пролетната дератизација на шахтите.

Целта на дератизацијата е да се уништат глодарите од околу 2500 шахти кои се наоѓаат на територијата на општина Гази Баба.

Употребен беше парафински блок „Бромадиолон“ при дератизацијата, а ја изведуваше Центарот за јавно здравје Скопје во соработка со ЈП „Водовод и Канализација“, информираат од општината.

Испрати коментар

Scroll To Top